Најави се како Апликант


Најави се како Консултант



Почитувани,



      Во функција на успешно спроведување на политиките и програмите за вработување предвидени со Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, кои имаат за цел намалување на невработеноста, подобрување на вработливоста на невработените лица и јакнење на конкурентноста на економијата, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година вклучува програми и мерки за вработување кои имаат за цел активација на пазарот на трудот и креирање на работни места преку стимулирање на побарувачката на пазарот на трудот, усогласување на понудата и побарувачката на работна сила согласно со потребите на пазарот на трудот, подобрување на понудата на работната сила, како и намалување на сивата економија.

      Улогата на АППРСМ, во реализација на мерката самовработување е посебно изразена во делот на изработката на одржливи бизнис планови, што се реализираат преку овластени консултанти вклучени во Националниот Каталог на консултанти при програмата за Ваучерско советување.

      Програмата за самовработување се реализира и со поддршка на Регионалните центри за претприемништво кој на регионално/локално ниво, по насоки и упатства дадени од АППРСМ, го спроведуваат Оперативниот План.

      Со цел поголема транспарентност и олеснување на спроведливоста на постапките во делот на одбирање на локации на настани и избор на советници од страна на невработените лица, од страна на АППРСМ и УНДП се подготви соодветно софтверско решение.





     Самовработување 2020
            Проектен тим
© Самовработување - 2020